174
Шпанскиот голман Давид де Хеа уште еднаш покажа за каков голман се работи во победата на неговата Фиорентина над Милан (2:1) во натпреварот од седмото коло во Серија А.
Де Хеа се чинеше дека е поблиску до крајот на кариерата отколку враќање во фудбалот ова лето, бидејќи беше без клуб една година откако го напушти Манчестер Јунајтед.
Сепак, Фиорентина реши да го донесе на „Артемио Франки“, а тој се одмазди и докажа дека не е „рѓосан“.
Во дуелот со Милан одбрани два пенали, на Тео Ернандез и на Тами Абрахам и со тоа на својот тим му донесе три бода, па го доби епитетот играч на натпреварот.
David De Gea has now faced 3 Penalties as a Fiorentina player, he saved it all.
CLASSIC 👏 pic.twitter.com/4zNG6mhF8W— Zirkzee (@ZirkSzn) October 6, 2024