423
Има работи што не можеме да ги споделиме со јавноста – вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, прашан да ги коментира јавните наводи дека контактите на експремиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, зад очите на јавноста продолжуваат и дека една од идеите за кои разговараат е влада (на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ) без ДУИ.
Погледнете го сегментот од интервјуто со Ахмети во кој разговараме на оваа тема, а кој почнува со прашањето – дали му верува на Заев за тоа што му го кажал на ручекот во Струмица на 5 јануари оваа година – дека со Мицкоски не договарал влада без ДУИ.