513
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивицџа Дачиќ, синоќа му приреди вистинска забава на својот грчки колега, Никос Коѕијас. Како што објави спрски „Блиц“, Дачиќ, во свој стил, за добредојде му отпеа на Коѕијас песна на неговиот мајчин јазик.
Според видеото што го објави „Блиц“, Дачиќ му ја отпеал на Коѕијас песната „Mi mu timonis matia mu“. Гостинот, пак, имал своја музичка желба. Коѕијас му ја порачал на Дачиќ „Тамо далеко“.