Расте бројот на жртви во поплавите кои го погодија југоистокот на Турција по поројните дождови, за кои се проценува дека наврнале 200 милиметри на метар квадратен. Видеата објавени на социјалните мрежи откриваат дека улиците се претворени во реки, дека водата носи се со себе, вклучувајќи возила и луѓе. На една таква снимка може да се забележи човек кој е повлечен од водата и кој се обидува да се спаси. Истиот регион беше потресен од разорниот земјотрес во која загинаа околу 48.000 луѓе.
#Turkey: at least 5 dead after #floods in the region devastated by the #earthquake. #Flooding, caused by torrential #rains of 200 liters per square meter, have affected the same region of #Türkiye that suffered the devastating February #earthquakes. pic.twitter.com/H6nChR5TCC
— 🇹🇷 🇬🇧 Turkey Türkiye (@HispanatoliaEN) March 15, 2023