Лидерот на опозициската партија „За Грузија“ и поранешниот премиер на земјата, Ѓорѓи Гакарија и новинарот и сопартиец Звијад Коридзе беа физички нападнати во текот на ноќта во хотелот Шератон во грузиското летувалиште Батуми во два одвоени инциденти.
Закарија е хоспитализиран со потрес на мозокот и скршеница на носот, објави грузискиот портал „Цивил“.
Новинарoот Гел Мтивлишвили го пријавил инцидентот, истакнувајќи дека во нападот на опозицискиот лидер биле вклучени пратеникот на владејачката партија Димитри Самхарадзе и заменик-министерот за економија и финансии Аџара Ѓорѓи Манвелидзе, како и неколку други пратеници. Полицијата дошла на местото на настанот неколку часа подоцна, рече тој.
Violence against @GakhariaGiorgi by GD MP Dito Samkharadze & armed associates exposes the lawlessness in Georgia. No rule of law, no justice—just suppression of protests & opposition. This is not democracy, it's intimidation. We won't be silenced! #Georgia #HumanRights… pic.twitter.com/5VhzH4U1gU
— Ilia Ghlonti (@Iloglonti) January 15, 2025
Партијата „За Грузија“ соопшти дека инцидентот бил „координиран групен напад оркестриран од режимот на (почесниот претседател на владејачката партија Биџина) Иванишвили“ и бил „политички мотивиран“.
На нападот на Гакарија му претходеше вербален и физички напад врз Звиад Коридзе, новинар и претседател на регионалната канцеларија на Транспаренси интернешнал (ТИ) – Грузија, „на истото место и од истите луѓе“, се вели во соопштението.
„Нападот врз нашиот член беше намерен чин на насилство и одмазда од страна на партијата на Иванишвили против грузиското граѓанско општество и претставниците на Транспаренси Интернешнл Грузија“, се вели во соопштението, во кое се бара надлежните органи да започнат истрага.
Хоспитализиран е и Коридзе, наводно со повреда на окото, пренесува грузискиот портал.
Министерството за внатрешни работи покрена истрага за случајот.