(Видео) Четворица повредени во невреме на Халкидики, ветерот носеше се пред себе

by Fokus

На социјалните мрежи се појавија драматични снимки од пијавица на море. Областа Неа Плаја, на околу 40 километри јужно од Солун, ненадејно ја зафати силно невреме кое за неколку минути урна чадори и оштети друг мебел на плажата, пренесува порталот Прототема.

Од силниот ветер повредени се најмалку четири лица, од кои едното морало да биде префрлено во болница, како што велат болнички извори, најверојатно се здобил со скршеница. Повредениот 19-годишен маж е префрлен во Општата болница Полигирос.

Останатите тројца се здобиле со полесни повреди и им била укажана прва помош од две возила на Брза помош ЕКАВ кои излегле на местото на настанот.

Имено, според очевидци, силен ветер во областа, кој траел неколку секунди, се свртел и создал торнадо, поради што од плажата биле подигнати чадори и настанала гужва.

Ветерот ја оштети и кафеаната на плажата.

Поврзани новости