Дваесет лица се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир за време на протестите што избија во Франција откако полицаец уби тинејџер (17).
Убиството е снимено во Нантер, западно од француската престолнина откако беше кажано дека младиот, кој по потекло е од Алжир, ги прекршил сообраќајните правила. Набрзо жртвата била идентификувана како Наел М., 17-годишен возач – доставувач.
Полицаецот во меѓувреме е уапсен, а околностите под кои се случило убиството се уште се нејасни.
Синоќа на улиците на Париз избувнаа нереди, а беа запалени и неколку автомобили.
Полицијата употреби солзавец за да ги растера помалите групи кои почнаа да прават хаос.
Иако ситуацијата се смири нешто по 3 часот наутро, тензиите продолжија, а протестите се проширија и во другите делови на Париз.
Во меѓувреме, обвинителите потврдија дека неименуваниот полицаец одговорен за пукањето е под истрага за „убиство“.
Снимката, која кружи на интернет, го покажува автомобилот првично во мирување, со отворен покрив, пред да тргне напред додека полицаецот му се заканува на возачот. Кога возачот повторно тргнал, полицаецот пукал од непосредна близина, застрелувајќи го во градите.
#nanterre #police #fuite pic.twitter.com/TjKuvGLWda
— Ohana (@Ohana_Fgn) June 27, 2023