Во Холандија поради бурата Пиа денеска се откажани околу 250 летови на аеродромот Шипхол, а доцнат уште 150 летови. Во Британија е издадено предупредување до луѓето „да не патуваат“.
Холандија се соочува со силни ветрови во текот на денот, при што налетите достигнуваат до 110 километри на час во крајбрежните области и 80 километри на час во внатрешноста, објави NL Times. Налетите на ветрот може да предизвикаат кршење на гранките од дрвјата и паѓање на ќерамиди од куќите.
Жолтата временска тревога е во сила од 9:00 часот во Северна Холандија, Фрисланд, Гронинген и областа на островот Ваден, од 11:00 часот во Јужна Холандија, Флеволанд, Дренте, Зеланд и регионот околу Еселмер, додека за остатокот од земјата важи од 13:00 часот.
Поради невремето Пиа, британската авиокомпанија Бритиш Ервејс денеска приземји дваесетина домашни и европски летови, јавува Sky News. Авиокомпанијата им се извини на патниците за прекинот и рече дека „напорно работат“ за да организираат летови.
Morning all. Feeling shattered as mum was re admitted to hospital in the early hours. #StormPia is in full swing & poor Wilson is taking the brunt of the situation. Stay safe everyone. pic.twitter.com/9htT01ih46
— Sam Preston (@Sam_SSSLearning) December 21, 2023
„Норден Пауергрид“ утринава извести дека стотици корисници се без струја поради силните ветрови во повеќе делови од земјата. Метеоролошката служба предупредува дека ударите на ветерот може да достигнат и до 130 километри на час.
Дополнително, ќе има доцнења во автобускиот и железничкиот сообраќај, а патувањата најверојатно ќе траат подолго.
Well Storm Pia left it's mark at school today; a tree blew down and blocked school's driveway! Class 10 are just making sure that the tree surgeons are doing a good job! 🌲🌬️ pic.twitter.com/NHc2AMhZkm
— Springfield Primary (@SpringfieldPri1) December 21, 2023
Железничката компанија TransPennine Express (TPE) издаде совет „забрането патување“, барајќи од клиентите да го одложат патувањето до и од Единбург до после 15 часот поради силните ветрови.
Жолтата метеоролошка тревога е во сила од 9 часот, а во некои области се предвидуваат удари на ветер од 120 до 130 километри на час. Издадено е предупредување за североисточниот и северозападниот дел на Англија, Северна Ирска, Шетланд и Шкотска и Велс.