Најмалку еден член на затворскиот персонал загина, а четворица се повредени за време на бунтот во поправната колонија бр.19 во регионот на Волгоград, каде што затворениците земаа заложници, пренесе агенцијата ТАСС.
„За време на состанокот на дисциплинската комисија во ИК-19 во регионот на Волгоград, неколку затвореници зеле заложници“, соопшти прес-службата на Федералната казнена служба.
❗️18+
Footage of the convicts who took prisoners employees of the IK-19 penal colony in Volgograd. pic.twitter.com/jTj8bF1wcm— WarTranslated (Dmitri) (@wartranslated) August 23, 2024
Според руските медиуми, затворениците се поврзани со Исламската држава, а видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат крвави сцени.
Според оперативните служби, во нападот учествувале најмалку тројца затвореници, има и повредени, а најмалку еден затворски службеник е убиен, пренесува ТАСС.
Четири повредени се префрлени во болница, а како што се додава во моментов се преземаат мерки за ослободување на заложниците.
BREAKING: A group of ISIS terrorists has taken control of the IK-19 prison in Surovikino, Volgograd Oblast, Russia. Several Russian Federal Penitentiary Service officers have been killed, and others are being held hostage. pic.twitter.com/SyiqUQ8ILe
— The General (@GeneralMCNews) August 23, 2024
Поправната колонија – ИК-19 на Федералната казнено-поправна служба на Русија за регионот Волгоград се наоѓа на периферијата на градот Суровикино.
Режимот на притвор е строг, а капацитетот на објектот е ограничен на 1.229 затвореници.