(ВИДЕО) Букурешт обоен во црвено-жолто, македонските навивачи лумпуваат пред мечот!

by Fokus

Македонските навивачи почнаа да се „загреваат“ неколку часа пред почетокот на дуелот со селекцијата на Украина во Букурешт.

Деновиве главниот град на Романија е обоен во црвено-жолта боја, а нашите навивачи ги запоседнаа кафулињата и рестораните во романската метропола.

Навивачки, но и многу патриотски македонски песни се слушаат од грлата на македонските најверни фанови, кои дополнително ја загреваат атмосферата пред клучниот натпревар со Украина.

Со по некоја чашка пиво во рацете и позитивни мисли во пресрет на денешниот дуел кој започнува во 15 часот, македонските навивачи ќе бидат повторно во голем број и ќе ја бодрат нашата селекција.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости