(Видео) Бугарски поп фрли анатема на колоната возила на Зеленски

by Fokus

Бугарски поп вчера со крст се појавил пред автомобилите од колоната на украинскиот претседател Володимир Зеленски во центарот на Софија и покрај  масовното присуство на полицијата на рутата каде минуваше делегацијата, јавија бугарските медиуми.

Попот изрекол клетва пред колоната , извикувајќи „Анатема, Зеленски, фашистичка Украина, западни сатанисти“, стои во видеото објавено на социјалните мрежи.

Свештеното лице мавтало со големиот крст пред автомобилите на претседателот на Украина, но не успеал да се доближи до Зеленски, при што колоната поминала покрај него со огромна брзина.

Полицајците веднаш го привеле и го тргнале од патот.

Попот претходно го има нападнато и поранешниот бугарски премиер Кирил Петков со претставниците на неговата „Продолжуваме со промената“ на 6 јуни годинава, пишуваат бугарските медиуми.

 

 

Поврзани новости