(ВИДЕО) Брутално убиена руска манекенка и нејзината ќерка во Турција, осомничен е поранешниот сопруг

by Fokus

Руската манекенка Ирина Двизова и нејзината ќерка Дијана (15) се убиени во Бодрум, а нивните тела биле пронајдени завиткани во чаршафи во близина на луксузен хотел.

Откако биле пронајдени телата, полицијата почнала да трага по нејзиниот поранешен сопруг Андреј Куслевиќ (42).

Откако семејството пријавило во полиција дека не може да стапи во контакт со нив, полицајците пронашле крв и траги од машко стапало во вилата каде што престојувале.

Кога биле пронајдени телата, на двете тела се откриени прострелни рани.

Иако не е познат мотивот за убиството, полицијата се сомнева дека зад грозоморното злосторство стои спорот на парот за старателството над синот.

Ирина во јуни побара од судот да му забрани на Андреј, кој е државјанин на Литванија, да му се приближува на синот, пишува Дејли Мејл.

Откако беа пронајдени телата на Ирина и Дијана, нејзиниот син Макар е пријавен како исчезнат.

Наводно бил во земјава со мајка му и сестра му, но сега го нема.

Турската полиција наводно побарала помош од Интерпол за да ги пронајде Куслевиќ и момчето за кое се верува дека е со него.

Ирина и нејзината ќерка биле пријавени за исчезнати пред неколку дена откако пријателите и роднините не можеле да контактираат со нив.

Нејзиниот фитнес тренер отишол во замокот и открил дека вратата била насилно отворена.

Како главен осомничен за двојното убиство се смета поранешниот сопруг на 42-годишната жена Андреј Куслевич, кого роднините на жената го опишуваат како раздразлива личност.

Руските медиуми јавуваат дека 42-годишната жена ја напуштила куќата што ја делела со Кушлевич во Литванија и првично се засолнила во куќата на нејзиниот татко во Москва пред конечно да ги земе своите деца, 15-годишно и 5-годишно момче и да замине во Турција.

„Таа зборуваше дека нејзиниот поранешен сопруг сака да ги одземе децата од неа и дека е психички растроен. Разбрав дека отишола во Турција за да избега од него, бидејќи беше физички и психички малтретирана од него и ми раскажуваше за бруталното насилство“, изјави пријател на брутално убиената 42-годишна жена.

Според извештаите, Ирина, мајка на три деца, била модел и неодамна работела како агент за недвижности во Бодрум.

Нејзината ќерка беше TikToker со околу 30.000 следбеници и планираше да ги следи стапките на нејзината мајка како модел.

Руски дипломати во Турција се во контакт со органите на прогонот поради смртта на мајката и ќерката.

Поврзани новости