Најмалку 95 лица загинаа во разорниот земјотрес што го погоди регионот на Тибет. Според кинеските медиуми, повредени се околу 130 лица.
Во земјотресот со јачина од 7,1 степени се уништени стотици згради, а спасувачките служби се на терен.
На социјалните мрежи се шират видеа кои го покажуваат моментот кога земјотресот ги погоди прометните улици.
На едно од видеата луѓето панично истрчуваат на улица додека споменикот опасно се ниша во кружниот тек. Делови од структурата потоа се урнаа и паднаа на патот, што дополнително предизвика хаос.
Earthquake of 7.1 magnitude in Tibet and Nepal, shocks felt in many states of India.. pic.twitter.com/ELks2O7imd
— Ashish Agarwal (@Ashish_A18) January 7, 2025
Епицентарот на земјотресот е регистриран на границата на индиската и евроазиската тектонска плоча, во сеизмички активниот регион каде што се судираат овие две плочи. Најголемиот град во близина на епицентарот Шигаце е оддалечен само 23 километри.
Земјотресот ги вознемири и жителите на Катманду, главниот град на Непал, на околу 230 километри од епицентарот. Земјотресот ги разбудил од сон, а многумина во паника ги напуштиле домовите. Сè уште не се достапни информации од оддалечените и планински области на Непал поблиску до епицентарот.
Deadly Earthquake in Tibet Leaves 53 Dead:
Kathmandu, Nepal – In the early hours of Tuesday morning, a catastrophic earthquake struck the mountainous region of Tibet, close to the sacred city of Shigatse, leaving at least 53 people dead and 62 others injured. The tremor, which… pic.twitter.com/JMQ4uvCv79— Orin Ulysses Rascal (@ourascal) January 7, 2025
Според извештаите, повеќе од стотина станбени згради се уништени, додека областа била зафатена и од десетици последователни потреси. Околу 1.500 спасувачи и пожарникари беа распоредени на теренот за да ги пребаруваат урнатините и да им пружат помош на повредените, соопшти кинеското Министерство за вонредни состојби.
Просечната надморска височина во подрачјето на епицентарот е околу 4.200 метри, што ги отежнува спасувачките операции. Кинескиот центар за земјотреси соопшти дека епицентарот бил на околу 75 километри североисточно од Монт Еверест.
УСГС, исто така, наведе дека во овој регион во изминатиот век се случиле десет земјотреси со јачина од најмалку 6 степени, што потврдува дека тоа е едно од сеизмички најактивните области во светот.