(Видео) Брнабиќ објави видео на Вучиќ во народна носија, се слушаат истрели

by fokus

По генералниот штрајк што вчера се одржа во Србија, претседателката на Народното собрание на Република Србија, Ана Брнабиќ на својот официјален профил на Инстаграм објави монтажа на која е прикажан српскиот претседател Александар Вучиќ во народна носија.

Во позадина се слушаат звуците на истрели и песната „Тамо далеко“.

Видеото ги истакнува наводните економски успеси на Србија, намалувањето на јавниот долг во споредба со претходната влада, намалената стапка на невработеност и зголемувањето на пензиите и платите.

„Тоа е малку клише, но всушност е вистина“, напиша Брнабиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Brnabić (@anabrnabic)

Поврзани новости