Откако денеска екстремно десничарска толпа упадна во хотел во кој се сместени баратели на азил во Ротерам, британскиот премиер Кир Стармер го осуди насилството на крајната десница. Говорејќи пред новинарите во Даунинг стрит, премиерот рече дека инволвираните ќе ја почувствуваат целосната сила на законот.
„Ви ветувам, ќе зажалите што учествувавте во ова“, им рече тој на вклучените во немирите, додавајќи: „Нема оправдување за ова“.
Тој рече дека луѓето во оваа земја имаат право да бидат безбедни, но сепак виделе напади врз муслиманските заедници и нацистички поздрави на улица.
“I won’t shy away from calling it what it is – far right thuggery”
Prime minister @Keir_Starmer pic.twitter.com/MxMhmvsFkH— Peter Stefanovic (@PeterStefanovi2) August 4, 2024
„Нема да избегнувам да го наречам како што е – екстремно десничарски силеџии“, рече Стармер пред да вети дека ќе стори сé што е потребно за да ги изведе тие насилници пред лицето на правдата, обраќајќи и се на нацијата по тековните немири во делови од земјата.
Тој рече дека ќе има апсења, обвиненија и пресуди, „без оглед на очигледната причина или мотивација“.
„Ова не е протест, тоа е организиран, насилен грабеж и нема место ниту на нашите улици, ниту на Интернет“, рече тој.
Тој особено го осуди нападот попладнево врз хотел во кој се сместени баратели на азил во Ротерам. Премиерот рече дека ќе зажалат оние кои учествуваат во насилството, но и оние кои ги „иницираат овие акции на интернет“.
Стармер ја опиша толпата во Ротерам како „разбојнички банди кои имаат намера да го прекршат законот и ништо друго“ и рече дека ги оставиле „жителите и вработените во страв“.