Британскиот премиер – Риши Сунак ја поздрави италијанската премиерка Џорџа Мелони со топла прегратка на церемонијата за добредојде на самитот на Г7.
Сепак, нејзиниот израз на лицето и реакцијата на брзиот гест станаа вирални на социјалните мрежи.
Денеска во Бари, Сунак и Мелони беа фотографирани како се држат за раце и се гледаат во очи. Тие, исто така, беа видени како нежно се држат за рамениците додека Сунак, малку агресивно, се наведнува кон Мелони.
— TensegrityFan🍋🐝🍯 (@ProbablyN0tReal) June 13, 2024
Средбата се одржа бидејќи британскиот премиер требаше да објави дополнителни 250 милиони фунти за Украина и ги повика светските лидери да направат „се што е потребно“ за да ја поразат Русија.
İtalya’nın ev sahipliğini yaptığı, 13-15 Haziran arasında düzenlenen G7 Liderler Zirvesi başladı.
İtalya Başbakanı Giorgia Meloni ile İngiltere Başbakanı Rishi Sunak arasındaki diyalog dikkat çekti. pic.twitter.com/ziBwS4J3zw
— Stratejik Ortak (@stratejik_ortak) June 13, 2024
Тридневното патување е можност да ги зајакне неговите премиерски акредитиви и да го одвлече вниманието од неговата одлука предвреме да ги напушти комеморациите на Денот Д.
Два приоритети на самитот ќе бидат поддршката на Киев и обезбедувањето мир на Блискиот Исток.
Сунак ќе објави пакет до 242 милиони фунти за финансирање за хуманитарни, енергетски и стабилизациони потреби во Украина. Тој, исто така, ќе се обиде да ги убеди лидерите да користат милијарди замрзнати руски средства за поддршка на Украина.