(Видео) Британија објави видео од нападот: „Тајфунот лета со брзина до 1.200 километри на час“

by Fokus

Министерството за одбрана на Велика Британија објави снимка од нејзиниот авион Тајфун како погодува цел во Јемен.

Зградата се гледа на глетката на авионот, пред големата експлозија.

Како што наведува британското министерство за одбрана, тоа било една од двете области што ги таргетирала Британија.

„Тајфунот лета со брзина од 950 до 1.200 километри на час, а сепак сликата е речиси апсолутно статична“, изјави одбранбениот аналитичар Мајкл Кларк.

„Леталото може да лета во круг, а сликата е како да сте во балон над него. Неверојатно е“.

Поврзани новости