Фудбалерите на Бразил беа поразени од Парагвај во 8. коло од квалификациите за Светското првенство во Јужна Америка со 1:0 и со тоа дојдоа до ситуација да стравуваат за минување на Мундијалот во 2026 година на половина од квалификацискиот циклус.
По победата над Еквадор на 6 септември, Бразилците заминаа во Парагвај со цел значително да го подигнат нивото на играта, но Диего Гомез, соиграчот на Меси во Интер од Мајами, ја затресе мрежата на ривалот во 20. минута од игра и „запали оган“ под нозете на секој учесник на Светското првенство во историјата.
Ситуацијата во моментов не е алармантна само од една причина – рано е да биде. Бразилците во моментов се петти на квалификациската табела со десет бода од осум меча, дури осум помалку од првопласираната Аргентина.
Сепак, Бразилците нема да се „тепаат“ со „гаучосите“, туку ривали ќе им бидат Еквадор (11 поени), Венецуела (10 поени), Парагвај (9 поени) и Боливија (9 поени).
Но, многу поголем проблем за Бразилците е што играат, најблаго кажано, катастрофално, а впечатокот е дека нема да имаат статус на фаворити каде и да играат.
А Бразилците се уште ги чекаат гостувањата во Аргентина и Еквадор, ќе ги посетат и Венецуела и Боливија, а притоа ќе го пречекаат Уругвај.
Судбината да се оди на турнирот во САД, Канада и Мексико ќе биде решена во овие пет меча, каде „селесао“ ќе мора да земе што повеќе бодови за да избегне драма.
DIEGO GOMEZ SCORES A BANGER TO LIFT PARAGUAY OVER BRAZIL! 🇵🇾
— Major League Soccer (@MLS) September 11, 2024