(ВИДЕО) Бостон направи уште еден чекор кон НБА титулата, „Селтикси“ водат 2:0 против Далас

by Fokus

Бостон Селтикс ноќеска го победи Далас Маверикс со 105:98 во вториот домашен натпревар од финалето на НБА лигата и поведе со 2:0 во серијата подобар до четири победи.

Херој на важниот триумф на Селтикси е Џру Холидеј кој постигна 26 поени, а зад своето име додаде 11 скока, 3 асистенции, по една украдена топка и по една блокада.

На другата страна, кај „Маварикси“ Лука Дончиќ блескаше, запиша трипл-дабл од 32 поени, 11 скока и 11 асистенции, но недоволно за триумф на Далас.

Кајри Ирвинг имаше 16 поени и 6 асистенции.

Ова се најинтересните моменти од синоќешниот натпревар:

Поврзани новости