Во моментов активни се седум пожари во државата. Од нив, најголемиот пожар монструм, кај Македонски Брод постепено се става под контрола, информираше денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Пожарот што изби кај селото Патеец кај Кичево се претвори во голем шумски пожар. Ангелов изјави дека врз овој пожар се дејствува со шест ертрактори – два наши, два германски и два кипарски. Пожарот се гасне и од земја, а на некои места горат и борова и букова шума.
Кракот кон Јасен е активен, иако со помал обем. На лице место десјтвуваат 20-на вработени во Јасен, потпомогнати од локални пожарникари со пртивпожарно возило.
Второит крак кон Козјак е целосно изгаснат. Изработен е противпожарен појас што не би дозволил да продре до селото, доколку повторно се разгоре.
Третиот крак е оној кај Белице, каде што дејствуваат 20 припадници на Армијата и локалните пожарникари. Воспоставена е делумна контрола и не постои опасност.
Активен е и пожарот на Галичица кој се префрли на ресенска страна кон Стење. Дејствуваат 18 доброволци на Црвен крст.
„Верувам дека овој пожар ќе биде сопрен и нема да ги загрози населените места во подножјето на Галичица од двете страни – охридска и преспанска“, рече Ангелов.
На пожарот кај Новаци, кој вчера предизвика непријатност кај населението, како што рече Ангелов, се дејствува со два хеликоптери. Тука гори ниска вегетација на карпест терен, каде дејството од земја е ограничено.