Основа за формирање на идната влада ќе биде нашата програма за која гласаа најмногу гласачи. Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, а ние се обврзавме да формираме влада, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.
„Им благодарам на моите колеги и на сите Бугари кои го подигнаа одѕивот на гласачите. Со оваа активност посмирено можеме да зборуваме за претставување во новиот парламент“, додаде тој.
Рече дека ќе коалицира со сите партии освен со „Вазраждане“.
Борисов ги повика сите лидери да преспијат и никој да не ги прескокнува нивните изборни резултати.
„Еден месец се разделивме, еден месец се навредувавме, но од денеска се обврзавме да формираме влада, изјави тој.
„Собранието е математика, од големо значење е бројот на партии. Ако влезат сите овие партии, нема да има влада“, предупреди тој.