(ВИДЕО) Боно Вокс заедно со публиката го скандираше името на Алексеј Навални на концерт во Лас Вегас

by Fokus

Фронтменот на популарниот бенд „U2“, Боно Вокс, го скандираше името на Алексеј Навални заедно со публиката за време на концертот во Лас Вегас.

„Путин никогаш не би го кажал неговото име. Затоа мислев дека вечерва луѓето кои веруваат во слободата треба да го кажат неговото име“, рече Вокс, објавено на X профилот на „U2“.

Критичарот на рускиот претседател Владимир Путин, опозиционерот Алексеј Навални почина на 16 февруари.

Како што соопшти руската затворска управа, тој на 48-годишна возраст бил затворен во поправната колонија бр.3 во автономниот округ Јамало-Ненец.

Поврзани новости