Легендарниот пејач Боно Вокс, со својот бенд Ју Ту, одржа концерт на метро станицата Хрешчатик во Киев, среде руската инвазија на Украина.
Тие ги изведоа култните хитови „With or Without You“, „Angel Of Harlem“.
-Се молиме наскоро да уживате мир – рече Боно.
Gli #U2 (Bono e the Edge) si sono esibiti nella metropolitana di #Kiev..ennesimo capolavoro mediatico di #Zelensky, chapeau!#UcraniaRussia #UkraineWar https://t.co/NYapJreiS6
— ilTambu (@F_Tamburello) May 8, 2022
Во пеењето му се придружил и Тарас Топола, водачот на бендот „Антитила“, со кој ја изведе песната на Бен Е. Кинг „Stand By Me“.
Kyiv now. The legendary Bono from the U2 band with Taras Topolia (“Antytila”) performs at the Khreschatyk metro station.#StandWithUkraine️ pic.twitter.com/suzkCVvgKt
— Stratcom Centre UA (@StratcomCentre) May 8, 2022
Пристигнувањето на Боно во Украина беше ненајавено.
Претходно, тој веќе ги поддржуваше Украинците во војната што ја води Руската Федерација, па дури и посвети стих на Украина.
Тој почна да ја изразува својата поддршка за Украина уште пред инвазијата, кога порача дека Украина сега се бори против злото, за цел свет да биде слободен.
Според него, рускиот претседател Владимир Путин е „психо“.