Две лица загинаа, а три лица се повредени утрово во експлозија на бомба во Цетиње, во близина на Спортскиот центар, јавуваат црногорските медиуми.
Полициската управа соопшти дека сите расположливи полициски екипи се на терен и дека е во тек увид, јави Подгорица вијести.
Според неофицијални информации, на лице место починал П.К. член на криминалниот клан „Скалјар“, додека уште едно лице подоцна им подлегнало на повредите, кое исто така било член на оваа група.
Антена М јавува дека три лица се повредени и се пренесени во болницата во Цетиње, меѓу кои и една постара жена.
Затворени се улиците околу Спортскиот центар, а на местото на настанот е и градоначалникот Никола Ѓурашковиќ.
Од силната експлозија искршени се стаклата на зградата на Спортскиот центар и откорнато е едно дрво.