Новородените близнаци биле убиени во израелски воздушен напад во Газа додека нивниот татко бил во канцеларијата на локалната власт за да го регистрира нивното раѓање.
Асер, момче и Ајсел, девојче, имале само четири дена кога нивниот татко Мохамед Абу ал-Камсан отишол да им ги земе изводите од матичната книга на родените.
Додека бил отсутен, му се јавиле соседите и рекле дека нивната куќа во Деир ал Балах била бомбардирана.
Во нападот загинаа и неговата сопруга и бабата на близнаците.
„Не знам што се случи. Ми кажаа дека граната ја погодила куќата. Немав време ниту да ги прославам“, изјави Камсан.
Според новинската агенција АП, семејството следело наредба за евакуација на градот Газа во првите недели од војната меѓу Израел и Газа, барајќи засолниште во централниот дел на појасот, како што наложи израелската војска.
Израел тврди дека се обидува да избегне повреди на цивили и го обвинува Хамас за нивната смрт. Неколку такви засолништа во Газа беа нападнати во последните недели.
Во саботата, во израелски воздушен напад врз училишна зграда во која се засолниле раселените Палестинци во градот Газа загинаа повеќе од 70 луѓе.
Man in Gaza was on his way home with the birth certificates of his twin babies, born just four days ago.
When he arrived, he learned that his wife, newborns, and mother-in-law had been killed by Israeli forces. pic.twitter.com/e2CRHLz9tj
— Clash Report (@clashreport) August 13, 2024