Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во изјава за медиумите по посетата на Центарот за обука на МВР во Идризово, каде што стартува реконструкцијата на комплексот после цели 53 години, рече дека ова е 82 објект во рамки на планот за реконструкција на полициски објекти на територијата на целата држава.
„Би сакал да напоменам оваа реконструкција е 82 објект, претходно во декември 2023 започна реконструкцијата на 81-от објект – Управните служби во МТВ. Претходно беа реконструирани 80 објекти низ државата за кои од Буџетот на МВР издвоивме околу 17 милиони евра. Исто така, во тек е изградба и на новата полициска станица во Аеродром”, истакна Бојмацалиев. Тој потенцираше дека биле вложени 14 милиони евра за опрема и униформи на македонската полиција.
„За подобри услови за полициските службеници, помотивирана полиција, за да имаме резултати како што ги имаме во изминатите 30 години, најдобри статистички покажано, вложивме околу 14 милиони евра во униформа и материјално-технички добра”, рече Бојмацалиев.