ВИДЕО Битолчанец им се спротивстави на малтретирачите во Мелбурн, тие продолжија да го навредуваат

by fokus

Битолчанец кој живее во Австралија, откако го употребил своето право на глас во гласачките места во Мелбурн им се спротивстави на оние кои ги тормозат и малтретираат луѓето што гласаат. Според видеото објавено на фејсбук страната „предавници“, тој се враќа кај малтретирачите и им вели дека служел војска во Македонија.

-Да ви кажам нешто, јас сум најголем Македонец, работев за Македонија и служев војска, во прв единица. Заслужен човек сум разбра. Мене срц ме боли Битола, и стан и пари оставив во таа Македонија – рече тој.

Групата иселеници продолжува да го навредува битолчанецот, да упатува пцости кон неговата сопруга и да го прашува зошто гласал.

-За Грција гласаше и за Заев. Џабе беше војска. За кого се бореше, за Југославија? Да ти се посерам во парите комунисто! – извикуваат од групата.

Поврзани новости