1.1K
Министерот за економија Крешник Бектеши вчера реагираше кога при посетата на Албанија го нарекоа „македонски министер“. На прес конференцијата со министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај, една од новинарките го праша за легализација на медицинскиот канабис.
– Имам прашање до македонскиот министер… – рече новинарката, на што министерот Бектеши одговори:
– Извинете, јас сум министер на Cеверна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец – рече Бектеши.