591
Унгарскиот портал 444.hu објави видео снимка од екс премиерот Никола Груевски, како се шета во трговскиот центар WestEndCity, лоциран во центарот на Будимпешта на популарната улица Ваци.
Порталот објави дека поранешниот премиер осуден за корупција „мирно се шетал во саботата навечер, кога трговскиот центар почнал да се празни, а продавниците да се затвораат“.