(Видео) Бебе е спасено од стомакот на бремена Палестинка, убиена во напад во центарот на Газа

by Fokus

Лекарите успеале да спасат бебе на Палестинка која била во тешка бременост и била убиена во израелски напад во Појасот Газа, јавија палестинските медиуми.

Палестинската новинска агенција ВАФА, цитирајќи ја болницата Ал-Авда во Нузеријат, објави дека детето е родено во итна операција.

Новороденчето добива медицинска нега во болница во централниот дел на Појасот Газа и е во стабилна состојба, пренесе агенцијата.

Палестинските медиуми објавија дека осум лица загинале во напад на израелската армија врз станбена зграда во бегалска населба.

Портпаролот на израелската армија како одговор на истрагата рече дека ги проверуваат натписите.

Поврзани новости