Штипјанецот Ангеле Зафировски, познат во јавноста како Бате Геле, кој што за медиумите уште во 2014 година тврдеше дека најголем идол во животот му е Сашо Мијалков ја дал идејата за песната посветена на екс премиерот Никола Груевски, што ја изведува Зоран Настов.
На видеото објавено на јутуб може да се прочита дека идејата за песната потекнува од Бате Геле, кој е најголем обожавател на Груевски и Мијалков, па дури и на двајцата им ги има истетовирано ликовите.
Бате Геле учествуваше и во насилствата во Собранието, на 27 април каде што прв го нападна лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој и за време на апсењето ја носеше јакната со ликот на Мијалков, а во јавноста стана познат и со морбидните стихови преку кои му порача на Заев дека му нашол поп и му ископал гроб.