На социјалните мрежи вирално стана видео од американскиот претседател Џо Бајден како накратко заспива за време на состанок.
Бајден беше во Ангола на средба со африканските лидери, а на видеото можете да видите дека бил доста уморен.
WATCH: A much higher quality video of Biden's nap during his meeting with world leaders in Africa.
Who's running the country? pic.twitter.com/loUx6ru8Cp
— Jake Schneider (@jacobkschneider) December 4, 2024
Откако сцената излезе во јавноста, Бајден стана топ тема на социјалните мрежи.
„Ова е апсолутна срамота“, „Ова беше по или пред говорот кој едвај го разбравме. Време е Бајден некаде да се скрие“, „Покажа дека средбата ништо не му значи“, „Ова е толку безобразно“, се само неколку од коментарите на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).
Ова не е првпат Бајден да ја збунува јавноста со своите постапки.
Тој неодамна се нарече себеси како сопруг на Џо Бајден, што воодушеви дел од јавноста, додека некои сметаа дека дефинитивно е време тој да се пензионира.
За време на Ноќта на вештерките, фотографиите на кои гризе деца го обиколија светот, а многумина уште тогаш мислеа дека неговото однесување е прилично чудно.
VIDEO: President Joe Biden bites a baby during the White House Halloween celebration tonight #joebiden #whitehouse pic.twitter.com/h8uL2RaCPw
— Prince Carlton 🇺🇸 (@_PrinceCarlton_) October 31, 2024
Во една прилика ги збуни Зеленски и Путин, како и Камала и Трамп.