Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден остана целосно збунет кога заборави за кого зборува.
Само неколку секунди откако кажа дека американскиот новинар Остин Тајс, кој беше киднапиран додека известуваше во Сирија на 13 август 2012 година, се верува дека е жив, Бајден не се сеќаваше за кого зборува.
Тој тргна да излезе од просторијата, но тогаш застана откако слушна прашање од новинар: „Што знаат САД за тоа каде може да биде Остин Тајс и дали е безбеден?“
„Веруваме дека е жив“, рече Бајден, стоејќи пред вратата. „Мислиме дека можеме да го вратиме, но сè уште немаме директни докази за тоа“, додаде тој. „И Асад мора да сноси одговорност“, инсистираше тој.
Biden sobre o Jornalista Raptado Austin Tice: 🗣“Acreditamos que ele está vivo. Achamos que podemos recuperá-lo, mas ainda não temos evidências diretas disso.” pic.twitter.com/DJ4gnSzsNe
— Elisabeth (@LinuxHelp2050) December 9, 2024
Веднаш потоа друг новинар го прашал: „Дали господине претседателе закажавте операција за ослободување на новинарот?
„Кого да ослободиме? – праша збунетиот Бајден, иако тоа беше јасно продолжение на прашањето за Тајс.
„Остин Тајс“, го потсетија новинарите.
Изгледајќи изгубено, Бајден некако успеа да одговори. „Сакаме да излезе. Треба да го идентификуваме каде е“, ги увери тој новинарите пред да ја напушти просторијата и да ја затвори вратата зад него.