(Видео) Бајден повторно се „изгуби“: Италијанската премиерка го врати кај другите лидери

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден со своето однесување веќе подолго време предизвикува загриженост и сомнеж за неговото ментално здравје. Списокот на незавидни моменти е предолг, од мешање имиња на луѓе и држави, заборавеност, поздравување на мртвите и бројни други непријатни моменти.

Светските лидери во моментов се во Италија на состанокот на Г7 чиј домаќин е италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека Бајден навидум се изгубил и се оддалечува од своите колеги за време на демонстрациите на скок со падобран.

Мелони потоа го повлече за ракав и го врати кај другите светски лидери, по што Бајден видно збунет ги стави очилата за сонце.

Имаше повеќе вакви бизарни инциденти на Бајден на самитот на Г7. На едно видео беше прикажано како тој ѝ салутира на Мелони, а истото го направи и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Поврзани новости