Американскиот претседател Џо Бајден (81) му посака денес на Доналд Трамп среќен 78 роденден.
„Честитка од еден старец до друг“, напиша Бајден во честитката објавена на социјалната мрежа Икс.
Честитката на Бајден е саркастична и во неа на Трамп му пишува дека „годините се само бројка“, што се однесува на бројните коментари на јавноста за нивната возраст.
Бајден во честитката вклучи и видео во кое ги споредува своите достигнувања со постапки и коментари на Трамп.
Бајден стана најстариот претседател на САД кога ја презема должноста на возраст од 78 години. Во ноември ќе наполни 82 години.
За време на собир во Лас Вегас за време на минатиот викенд, Трамп на своите поддржувачи им кажа дека проблемот не е тоа што Бајден е стар, туку што е неспособен.
Happy 78th birthday, Donald. Take it from one old guy to another: Age is just a number.
This election, however, is a choice. pic.twitter.com/8KssiJuJwQ
— Joe Biden (@JoeBiden) June 14, 2024