По долгоочекуваната средба меѓу претседателите на САД и Кина, Џо Бајден и Си Џинпинг, двајцата лидери си ги покажаа своите лимузини.
Додека лидерите се шетаа низ градината на живописната фарма во Сан Франциско, тие разговараа за нивните седани.
Си го покани Бајден да го погледне неговиот седан, лимузина „Hongqi“ од домашно производство.
Бајден го нарече „прекрасно возило“, како неговиот Кадилак, исто така од домашно производство.
„Знаете ли како го нарекуваат тој автомобил? Го нарекуваат Ѕвер“, се пофали Бајден.
За време на нивната средба, Си рече дека односите меѓу Кина и САД, кои се најважните билатерални односи во светот, треба да се развиваат на начин што ќе им користи на народите на двете земји и ќе ја исполни нивната одговорност за човечкиот напредок.
„Верувам дека ова се некои од најконструктивните и најпродуктивните дискусии што ги имавме. Постигнавме значителен напредок“, рече Бајден по средбата.
Кинескиот претседател Џинпинг призна дека односите меѓу Кина и САД никогаш не биле мазни, но додаде дека „вртењето грб на двете велесили не е опција“.