Автомобил удри во паркиран теренец кој ја чуваше колоната на американскиот претседател Џо Бајден. Претседателот во тој момент го напушташе својот изборен штаб. Тој и првата дама Џил Бајден не се повредени.
Додека Бајден одеше од предизборната канцеларија до неговиот теренец, автомобилот удри во првото возило на Тајната служба што се користеше за затворање на сообраќајните крстосници во близина на седиштето во Вилмингтон, Делавер, пренесува Ројтерс.
🚨#BREAKING: Clearer footage of the Presidential motorcade incident shows the moment when Joe Biden was walking out of his campaign headquarters and about 9 seconds into the footage, you can hear the crash as a car collides with his motorcade. The driver of the car is reportedly… pic.twitter.com/LZnPoBkTtM
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) December 18, 2023
Возачот потоа се обидел да го вози својот автомобил до затворена раскрсница, пред Тајната служба да го опколи возилото со извадени пиштоли и да му нареди на возачот да ги стави рацете во воздух, пишува Sky News. Удреното возило имало видливи оштетувања на предниот браник.