Четири лица загинаа, а седум се повредени во страотна сообраќајна несреќа што се случи вчера во Италија.
Како што пренесуваат медиумите, возило на брза помош и автобус полн со млади луѓе се судриле во тунелот Ка’ Гулино, во градот Урбино. Комбето на Брзата помош влегло во коловозната лента каде што се наоѓал автобусот, при што дошло до директен судир и комбето се запалило.
❌️ #PesaroUrbino, dalle 15:38 intervento #vigilidelfuoco per incidente stradale e successivo incendio nella galleria Ca' Gulino lungo la SS73 Bis, coinvolti un pullman e un'ambulanza: tragico bilancio, decedute le 4 persone a bordo del mezzo di soccorso [#27dicembre 19:00] pic.twitter.com/jN0vYT0FZD
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) December 27, 2023
Загинале сите четири лица во комбето: тројца медицински лица и еден пациент кој што го превезувале во локалната болница.
Во автобусот имало деца на возраст од 7 до 11 години, придружувани од свештеник и неколку возрасни. Тие се враќале од патување. Меѓу децата имало само неколку полесни повреди, додека сите се во шок. Некои плачеле и ги повикувале своите родители.
Rallentamenti per traffico deviato su strada SS73 bis tra Urbino e Fermignano a causa dell'incidente tra un pullman e un'ambulanza in galleria Ca' Gulino. Il mezzo di soccorso si è incendiato. La #PoliziaStradale di Pesaro sul posto per gestire la viabilità #27dicembre pic.twitter.com/RYsDdjECSt
— Polizia di Stato (@poliziadistato) December 27, 2023
Возачот на автобусот бил во шок. Судејќи според сликите, брзата помош барем делумно влегла на спротивната лента додека се вртела во тунелот, заглавувајќи се под предното тркало на автобусот.
Во тек е истрага за да се открие како дошло до несреќата.