797
Авион со 21 патник се урна денеска кај Кејти, во американската сојузна држава Тексас, при обид за полетување, објави Федералната управа за авијација (ФАА), пренесува Си-ен-ен.
Сите патници и членови на екипажот, вклучително и десетгодишно дете, кои патувале со малиот авион на бејзбол-натпревар, преживеаја откако авионот се урна и се запали.
Авионот МД-87 ја проби заштитната ограда и се запали на поле нешто по 10 часот наутро додека се обидуваше да полета, се вели во соопштението на ФАА.