(ВИДЕО) Авион прелета низ силно невреме во Шпанија, патниците врескаа и плачеа!

by Fokus

Патниците врескаа и плачеа на летот меѓу Аликанте и Мајорка, Шпанија, откако авионот беше погоден од силни турбуленции во неделата на 27 август.

Според пилотот, авионот бил потресен од ветрови со брзина од околу 100 километри на час. Тие не можеа да слетаат на шпанскиот остров и беа принудени да се вратат во Аликанте.

Видеото од инцидентот го снимила шпанската танчерка и акробат, Естела Ортс, пренесува Independent.

Видеото од настанот го сподели на својот Инстаграм профил, а шпанскиот акробат во описот напиша:

„Луѓето и децата врескаа, не можев да ги задржам солзите. Авионот се тресеше како воз од забавен парк се додека пилотот не успеа да го стабилизира леталото“.

 

Поврзани новости