Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше ранет за време на митинг во Пенсилванија во обид за атентат.
Трамп беше изнесен од бината од припадници на тајната служба, а на снимката се гледа моментот кога тој се фаќа за увото и паѓа на земја, во моментот кога се слушаат истрели.
Shooting just happened at The Trump rally pic.twitter.com/Xs1dVL1H3T
— Acyn (@Acyn) July 13, 2024
Тој ја крена тупаницата во воздух додека го носеа во возилото.
Припадниците на американската тајна служба го застрелале и го убиле осомничениот напаѓач. За време на инцидентот загинал еден од учесниците на средбата, а уште двајца се тешко ранети. Сите три жртви се мажи.
Напаѓачот е идентификуван како 20-годишниот Томас Метју Крукс, објави Федералното биро за истраги (ФБИ).
Во објава на социјалната мрежа Вистина, Трамп напиша дека куршумот го пробил „горниот дел“ на десното уво.
Во меѓувреме, Трамп ја напушти болницата каде што беше лекуван и пристигна во својот дом во Њу Џерси.
„Веднаш знаев дека нешто не е во ред, слушнав истрели и веднаш почувствував како куршум ми поминува низ кожата“, напиша Трамп.
„Многу крварев и дури тогаш сфатив што се случува“, додаде тој.
На лицето и на увото на Трамп беше видлива крв додека обезбедувањето го однесоа од бината.
Полициски извори за CBS News изјавиле дека напаѓачот бил вооружен со пушка и пукал од висина и оддалеченост од неколку стотици метри.
Еден очевидец изјави за Би-Би-Си дека видел човек со пушка како ползи на блискиот покрив пред да одекнат истрелите.