Џулијан Асанж, кој од денеска и официјално е слободен човек, се врати во Австралија, а најемотивната средба ја имаше со сопругата Стела.
Откако авионот слета на аеродромот во Канбера, Асанж излезе од авионот и беше пречекан од бројни новинари и поддржувачи кои аплаудираа и скандираа за него.
Julian Assange greets his supporters at the fence and kisses his wife after touching down a free man #auspol pic.twitter.com/HQ4JbyWKvH
— Sarah Basford Canales (@sbasfordcanales) June 26, 2024
Камерите го забележаа моментот кога Асанж ја прегрна сопругата, ја крена од земја и ја бакна, а потоа го прегрна својот татко.
Правната сага, која траеше повеќе од една деценија, заврши кога Асанж потпиша договор со американското обвинителство. Тој се изјасни за виновен по една точка по што беше прогласен за слободен човек.