658
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва во емисија на Канал 5 излезе со сериозни обвинувања на сметка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Таа вели дека Мицкоски и упатил закани за тоа што ќе се случува кога ќе стане премиер.
„Јас да, сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно со зборовите: Кога ќе бидам премиер, ќе те влечеме по улиците, ќе го бришеме подот со тебе“, рече Арсовска.
Таа претходно посочи дека нема намера да се повлече од функцијата.