По одложувањето на денешното рочиште за „Тортура“ каде обвинети се шестмина припадници на „алфите“ за апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски да се потсетиме на „бомбата“ што пред три години ја објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев за случајот „Кампања“ во 2011 година.
На оваа тема разговараат Драган Павловиќ-Латас и директорот на УБК, Сашо Мијалков. Мијалков на Латас му објаснува како бил апсен Бошкоски, како 40 минути лежел на стомак, и како сите медиуми го снимале и фотографирале.
-Ќе лежи најмалку 8 години. Не го вади Господ. Ќе слават заедно со Велија, вели во разговорот Мијалков. Тој дофрла и вулгарности, односно истакнува дека ќе му пуштел некој специјален на Бошкоски во ќелија.
Разговор помеѓу Драган Павловиќ-Латас и Сашо Мијалков и (ден по избори)
СМ: Ало началниче
ДПЛ: Добро бе друг да ми каже дека после…..у п… м…
СМ: А бе ајде, ти дигам…ти вртам, не ми се јавуваш на телефон. И ти, па и тој дебелиот не се јавува.
ДПЛ: У банка бев плаќав. Не, ја само што ми кажаа пет минути пред тебе.
СМ: Ама чекај малце. Ја бев у голема гужва знаеш и ова беше трка со време…
ДПЛ: И сега стварно сега со стотче у кеш го фатиле?
СМ: Да, ги фрлил парите 100.000. Пет-шест…десет парчиња по 10.000.
ДПЛ: Оф, оф, оф.
СМ: Лежеше таму едно пола саат на стомак, врзан на лисици. Дојдоа новинари го испосликаа, лом го направија, вриштел: Сашо Мијалков ме намести и солзи течеле.
ДПЛ: Леле, леле, леле.
СМ: И викал, како ми го начука Сашо Мијалков. А врзан со лисици отпозади, као Штрос Кан.
ДПЛ: А добро, чекај, што вика од каде му се тие 100.000?
СМ: Сега ќе ти кажам. Тоа ги зима за кампања, незаконски, незаконско финансирање на пари. Ова му е трет пат како ги зима. Ги има земено еднаш десет, еднаш дваесет и сега сто илјади. И тоа е кривично дело минимум пет години.
ДПЛ: А чекај од каде ги зима?
СМ: Ги зима од човек.
ДПЛ: Ама од странство?
СМ: Молим?
ДПЛ: Од странство или од тука?
СМ: Тука бе тука, у Воденица.
ДПЛ: А у Воденица, мене ми пишале на граница.
СМ: У Воденица бе, каква граница.
ДПЛ: Ауу, па он многу се осилил.
СМ: А бе лежеше тука 40 минути бе, сите го гледаа бе.
ДПЛ: Леле, леле, леле.
СМ: Па го вртеа со глаата према WC, со лисиците. Народ гледа.
ДПЛ: Леле, леле, леле
СМ: Му ебав мајката, што да ти речам сега.
ДПЛ: Нека јаде гомна сега.
СМ: …..А?
ДПЛ: Сеа со Велија заедно ќе се дружат.
СМ:Со Велија ќе слават победа сега.
ДПЛ: Да, да, да.
СМ: Осум години ќе му биде ова да знаеш.
ДПЛ: Види 30 дена ќе помине со Велија, а после ќе видиме.
СМ: Какви бе триесет дена, не искача тој до издржување на казна, какви триесет дена што ти е на тебе.
ДПЛ: Не, не зборот ми е со Велија ќе бидат минимум триесет дена заедно.
СМ: Не знам ја ќе му пуштам некој вака по, понадарен да го е.. унутра. Велија не може да го е.. добро. А?
ДПЛ:….Ја мислам Јохан, ќе се расплаче Јохан кога ќе чуе. Од среќа мислам.
СМ: Така да. Што ти реков ја од понеделник почињам да апсам, ти реков ја?
ДПЛ: Ееј, говедо едно, маме у пичка да го ебам. Стотче земал за кампања у кеш.
СМ: Ти реков ја, завршија изборите и утредента (извик).
ДПЛ: А пази стотче земал за кампања која не ја ни плаќа, без пари му е.
СМ: Да, да, да тоа е тешка злоупотреба.
ДПЛ: Значи, стотче .
СМ: Значи натоварен е со докази, со се, не може да мрдне, не го вади ни Господ.
ДПЛ: А кој човек му ги дал, кој му дава пари?
СМ: Му дава човек тоа. Тоа е зашитен сведок не може да се збори за тоа.
ДПЛ: Добро, добро.
СМ: Е така, ајде.
ДПЛ: Ајде чао, чао.