Видео: Архива „бомба“ на СДСМ: Божиновски се заканува дека ќе ја запали кафаната на инспектор, а жена му ќе ја остави без работа

by Fokus

Кривичниот совет ги одби барањата на Специјалното јавно обвинителство и не им определи притвор на поранешниот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски, и екс првата полицајка Гордана Јанкулоска, обвинети во предметот „Титаник“.

Во една од „бомбите“ што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев можеше да се слушне како Божиновски и Јанкулоска договараат бркање од работа на политички неистомисленици. Исто така, во аудио-снимките Божиновски се заканува дека ќе пали и кафана, само ако не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Кирил Божиновски

ГЈ: Абе, овој будалава да ти кажам, Ивица Тошевски.

КБ: Е?

ГЈ: Знаеш шо зборел?

КБ: А.

ГЈ: Пошто нели го решивме него, го преместивме и кажал, абе јас многу се изнамачив, ама некако договорив ова, она, да ме префрлат, ептен овдека сум фаца. А, што е фаца, овдека беше началник, сега е џандар обичен. Вика, со врски ме префрлија овдека, ама добро, ја држам позиции. Сега кога ќе го зачукам негде дополнително.

КБ: Види, тој треба да, размислував за него сабајле, една порака да се упати, пошто ако вака оставиме, човекот нé победи нас, практично.

ГЈ: Да бе, да. Абе види, он е поранешен претседател на Општински, значи каков, таков, има некоја структура.

КБ: И на Општински е, плус џандар, тоа си има влијание у тие краеви.

ГЈ: Да де, да, независно каков е.

КБ: И мислам дека треба да летне и он. Жена му, сега почнав да барам кај работи, треба да ги оставиме без ништо.

ГЈ: Знаеш, он е глуп човек. Значи, сега ќе го пуштиме инспектор.

КБ: И тоа кафаната треба да му ја запалиме. И така. Тие три работи, мора да се направи тоа.

ГЈ: Јас, знаеш што мислам? Значи, он не знае да работи, неспособен е. Значи, он сé што има, има од партијата.

КБ: Да.

ГЈ: И јас сега го чекам на прва грешка за да можам да го избркам, оти вака, ќе го шетам, он ќе праи приказни како е награден и уште ќе ме нервира дополнително.

КБ: Не, да се избрка треба. И он и жена му. И кафаната да му ја растуриме и тоа е.

ГЈ: Прво излегување на терен, он грешка ќе направи. Процедури не знае. Ќе го фатиме и ќе му е…е матер.

КБ: Да, стај му една лепенка да го гледа и тоа е.

ГЈ: Абе, тој и да не го гледа, ќе ја оплеска, глуп е чоеков. Значи, како да ти кажам, ништо не знае да работи.

КБ: М, м, м.

ГЈ: Така да, прво излегување на терен, он ќе ја оплеска и ќе лета од работа.

КБ: Да, да. Фокусирај се на него, пошто знаеш, многу лоша порака ќе направиме ако ништо не напраиме.

ГЈ: Да де, да.

Поврзани новости