Со тешките и катастрофални поплави кои ја погодија Европа, се соочува и Полска. Пет лица загинаа како последица на поплавите, а во градот Ниса е пронајдено телото на хирург кој се враќал од работа.
Поради пукањето на браната во близина на границата меѓу Полска и Чешка, наредена е итна евакуација, а драматичните фотографии го обиколија светот.
За време на најголемата бура во последните години, огромни количини на вода зафатија цели градови во текот на викендот, вклучувајќи го и Јесеник, кој целосно исчезна под вода.
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека подготвил наредба за прогласување природна катастрофа.
Непрестајниот дожд доведе до поплави во областите во близина на границата со Чешка. Во мал град во Долна Шлезија цели улици беа под вода, а најмалку едно лице загина.
Градот Ниса беше особено погоден во неделата. Поплавите навлегле во одделот за итни случаи на локалната болница, според новинската агенција ПАП. Со гумени чамци се евакуирани вкупно 33 пациенти, меѓу кои и деца и една трудница.
Се очекува поплавите да стигнат до Вроцлав во среда.
CZECH REPUBLIC
BREAKING – Jesenik in Czech Republic inundated and isolated by raging floodwaters turning roads into rivers
Sep 15, 2024
Central Europe in grips of worst flooding in decades.The town of #Jesenik in the Czech Republic was inundated by raging floodwaters on… pic.twitter.com/XZHX33bI5N
— Abhay (@AstuteGaba) September 15, 2024
Снимка од германски овчар кој со часови бил заробен на остатоците од урнатиот мост во еден полски град стана вирална. Поројната вода го сруши мостот кој се уште беше во изградба, а куче се сокри зад бетонските блокови од поплавата.
Откако камерата се вратила на истото место по неколку секунди, кучето го немало, но приказната сепак има среќен крај. Имено, кучето успеало да се задржи на површината, а водата го однела до местото каде граѓаните го спасиле.
🚨🚨BREAKING NEWS
Flood disaster in Głuchołazy, Poland. It is called the worst disaster in 100 years.
— Europe Invasion (@EuropeInvasionn) September 15, 2024
За малку ќе се случеше трагедија во градот Гологлави кога поплава однесе автомобил во кој имало родители со две деца. Фотографиите од социјалните мрежи покажуваат како речиси целиот автомобил завршил под вода која дошла толку брзо што возачот немал време да реагира.
Trwają akcje ratunkowe w Gorzuchowie i Gołogłowach. W pierwszej z wymienionych miejscowości woda zabrała z drogi busa, w którym znajdują się dwie osoby. W Gołogłowach w wielkiej wodzie utknął samochód osobowy, w którym uwięzione zostały 4 osoby.
Foto: telewizja kłodzka pic.twitter.com/bPCK0PFKqQ
— Remiza.pl (@remizacompl) September 15, 2024
Освен Полска, поплавите зафатија и други делови од Европа. Во Чешка едно лице загина, а седум лица исчезнаа поради поплави. Со тешкотии поради поплавите се борат и Австрија и Романија.
Главниот град на Словачка – Братислава и главниот град на Унгарија – Будимпешта се подготвуваат за наплив на вода поради зголеменото ниво на Дунав.