(ВИДЕО) Апасиев нападнат во Благоевград

by fokus

На денешното отворање на македонскиот културен клуб, во Благоевград претседателот на Левица – Димитар Апасиев бил физички нападнат од бугарски уфрлен шовинист, објави од Левица.

-Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви, за потоа да се истакнуваат и фашистички симболи.
Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев!
Од видеото кое го добивме после физичкиот напад, може да се види како бугарската полиција воопшто не реагира, додека Македонците не почнаа сами да го бркаат од групата и да скандираат ,,Македонија”, велат од партијата.

 

Поврзани новости