(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот кај Битола му се заканува на Пелистер

by Fokus

Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва информира дека во текот на денот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворено, од кои сѐ уште активни се 13.

Како што изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дождот помогнал во гаснењето на огнот на планината Серта во Општина Неготино. Но на Серта и натаму гори и има активни жаришта.

„Штотуку ми јавија дека пожарот што изби кај Битола се движи кон планината Пелистер и претставува голема закана за зимзелените дрвја на планината Пелистер и нашиот фокус најверојатно ќе биде ставен овде“, рече Ангелов и додаде дека голема опасност му се заканува на Пелистер.

Поврзани новости