Веќе неколку дена пилоти од регионот помагаат во справување со огнената стихија.
Во знак на почит и благодарност за она што го прават за нашата земја, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, на храбрите пилоти од Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора им додели благодарници со пригоден подарок карактеристичен за Македонија.
Црногорецот Ненад Дубљевиќ е пилот на хеликоптер, кој пет години се обучувал во Македонија, каде го научил македонскиот јазик, а се оженил и со Македонка. Тој е капетан – прв пилот на хеликоптер Бел 412 во Военото воздухопловство на Црна Гора. Според него, најголемиот проблем се пожарите кои се распрскани и се повеќе одеднаш.
Мајор Новаковиќ Бранимир пилот на КАМОВ КА32 (ЦРВЕНИОТ ЅВЕР) од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, вели дека пожари има секаде, но сега, по нивната интервенција се помалку, а тие што ги има се помалку страшни.