184
Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов во попладневна изјава за медиумите истакна дека состојбата на терен е алармантна, а бројот на пожарите само се зголемува.
„На Илинска Планина пожарот трае веќе десетина дена, а попладнево активни се два крака од пожарот. Како што и претпоставивме, попладнево бројот на пожарите на отворен простор се зголеми. Имаме 25 пожари од кои 10 се активни, 10 се изгаснати, а пет се под контрола, изјави попладнево Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК упатуваат апел до граѓаните на исклучителна внимателост поради опасноста од пожарите.